Неверојатна глетка: Змии замотани околу божикно дрво (ФОТО)

Фотографии од Мелбурн станаа вирален хит на Фејсбук, каде престрашија бројни корисници.

Змиите, фотографирани на прометна улица од страна на Максим Зимерман, кој пред неколку дена ги споделил во Фејсбук групата Australia Backpackers 2019.

„Само во Австралија… змии висат од божикно дрво во Мелбурн“, напишал тој.

змии австралија 3

Глетката ги шокираше дури и оние кои се запознаени со дивата Австралија.

„Како по ѓаволите трии змии завршиле на исти столб, никогаш нема да ми биде јасно“. гласи еден од коментарите.

„Како завршиле заедно? Па уште а ламба во центарот на градот? Јас сум Австралијанец и ова е нешто најчудно што сум го видел“, гласела уште една реакција.

Некои се посомневаа во автентичноста на фотографијата, но Зимерман инсистирал на тоа дека се вистински.

змии австралија

Се испоставило дека станува збор за змии-миленици, кои намерно било поставени на столбот, пренесува Дејли мејл. Човекот со име Рејмонд Мосер, е гордиот сопственик на змиите, за кои вели дека не се опасни за луѓето бидејќи отровот им бил изваден.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e