Неделен хороскоп: Скорпиите тајно посакуваат семејство и свој топол дом

Кој од хороскопските знаци сака да се смири со една личност и да заснова дом и семејство? Кој не може да крене глава од обожаватели? Каква е финансиската ситуација оваа недела? Што ве чека на професионално поле?

Дознајте во продолжение:

Овен

Љубовта не ви оди како што сакате оваа недела, но вие не ги форсирате нештата и го чекате вистинскиот момент за да преземете иницијатива. Некои Овни кои се во врска може да раскинат. На работа можете да пласирате некоја поодамнешна идеја и овојпат да наидете на одобрување од претпоставените. Знаете како да располагате со своите пари. Имунитетот е заслабнат, изложени сте на стрес, а обидете се да јадете поразновидна храна.

Бик

Биковите овој период се замислени и таинствени. Во средината на неделата ќе мора да „поправате“ нешто што е расипано. Колку и да сте во право, не избувнувајте. Исто така, немојте да ја занемарувате работата, без оглед на приватните проблеми. Внимавајте на парите и поштедете се себе од импулсивно купување на нешта кои реално не ви се потребни. Можни се главоболки или стомачни тегоби. Обидете се да избегнувате алкохол колку што можете повеќе.

Близнаци

Дури и на Близнаците, кои вообичаено сакаат да се во врска, овојпат им е потребно време за себе и за пријателите и семејството кои ги занемариле поради љубовта. На работа наидувате на голем отпор, но ситуацијата воопшто не е толку лоша колку што ви се чини. Не реагирајте импулсивно, за да избегнете проблеми во иднина. Можни се настинки проследени со покачена температура. Избегнувајте чипс и грицки.

А што сè ги очекува и останатите знаци, дознајте ТУКА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e