Не ги оставајте децата во автомобил на сонце: Топлината може да биде фатална

Со доаѓањето на високите температури се зголемува ризикот од дехидрација и смрт на децата оставени во возила. Дури и краток престој во загреано возило, може да има трагични последици.

Хрватската полиција во моментов има акција во која ги истакнува препораките да не се оставаат децата во автомобилот, а исто така беше посочена и законската рамка.

Целта, посочуваат, е да се подигне свеста и сензибилизирање на родителите и другите одговорни лица на најголема можна будност и грижа за најмладите за да се избегнат нивните проблеми. Поради послабата способност на детскиот организам да се прилагодува на високите температури, телото на детето се загрева три до пет пати побрзо од телото на возрасен. Високата надворешна температура за многу кратко време кај децата доведува до зголемување на нивната телесна температура и до топлотен удар.

Ако не реагирате на време, органите откажуваат, а само 15 минути престој во прегреан автомобил може да доведе до фатални последици, односно оштетување на мозокот и бубрезите, па дури и смрт.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e