И најде еден – Џестер сфати дека на неговата листа со сериски убијци еден хороскопски знак се појавува почесто од било кој друг знак од зодијакот. Станува збор за хороскопскиот знак Бик (20 април – 20 мај). Исто така, откри дека најголем број сериски убијци се родени на само два исти датуми – 24 април и 18 февруари.
Секако, ова не значи дека треба да престанете да си имате било каква работа со оние кои се родени под хороскопскиот знак Бик, но сам по себе овој факт е доста интересен.
Своето истражување Џестер го објасни во книгата The Clinic која наскоро ќе биде пуштена во продажба по книжарниците во светот.
Некои од сериските и масовни убијци од листата на Џестер кои се родени во знакот Бик се:
Х.Х. Холмс (16 мај, 1861 година) – првиот американски модерен сериски убиец, си изградил „дворец за убивање“. Бил многу интелигентен, а парите му значеле повеќе од било што во животот.
Мајкл Рајан (18 мај, 1960 година) – во половина час убил 16 луѓе во масакрот во Хангерфорд, после што се самоубил.
Дејвид Копленд (15 мај, 1976 година) – во британските медиуми стекна прекар London Nail Bomber, беше неонацист кој сакаше со бомби да ги уништи сите црнци, хомосексуалци и сите останати кои не се совпаѓаа во неговите болни убедувања.
Карла Хомолка (4 мај, 1970 година) – Канаѓанка која со сопругот убила и силувала неколку деца.
Алберт Фиш (19 мај, 1870 година) – еден од најозлогласените сериски убијци во САД. Силувач на деца и канибал, американските медиуми го нарекоа Boogey Man од реалноста.
Леви Белфилд (17 мај, 1968 година) – сеел страв во Велика Британија, силувал и убивал жени и девојчиња.
Орвил Лин Мејџорс (24 април, 1961 година) – го викале „Ангелот на смртта“, убил шест луѓе додека работел како медицинско лице во Индијана.
Роберт Блек (21 април, 1947 година) – сериски убиец и педофил од Шкотска.
Стив Рајт (24 април, 1958 година) – англиски сериски убиец кој силувал и убил неколку жени.
Марта Бек (6 мај, 1920 година) – со партнерот Рејмонд Фернандез, како што се претпоставува, убила 20 жени. Американските медиуми ги нарекле „Убијците на осамени срца“.