Мигрант два пати во пет месеци добил на лото и станал милионер! Еве какви се вашите шанси!

Млад Африканец, кој пред две години се доселил во Канада, неодамна станал мултимилионер откако два псти во пет месеци добил на лото игрите на среќа, „грепки“, и освоил дури 3,5 милиони долари.

„Би сакал да го подобрам англискиот и да научам некој корисен занает како столарскиот’, рекол Мелхиг Мелхиг (28) на претставникот на WCLC-a (Western Canada Lottery Corporation) што ќе прави со толку пари.

По потекло од една западноафриканска земја момчето пред две години со семејството се доселило во Канада.

Во април купил грепка и освоил 1,5 милиони долари а минатиот месец среќата повторно му се насмевнала: овојпат изгребал и’ повеќе – два милиони долари.Со парите од првата добивка купил куќа во која се вселил со сопругата и децата, а парите од втората добивка ќе ги вложи во иднината и образованието.

Според пресметката на WCLC шансите младиот Африканец да освои џек пот првиот пат изнесувале 1 спрема 900.000, а вториот пат биле и помали – 1 спрема 1,3. милиони.

А колкави се шансите некој да освои џекпот два пати во пет месеци? Немерливи, одговориле од WCLC-a

Инаку, “Daily Mail”, повикувајќи се на резултатите од неодамнешното британско истражување пишува дека ако сте родени под хороскопски знак Близнаци можете да се сметате за среќни, бидејќи претставниците на овој знак имаат најголема шанса да се збогатат.

Истражувајќи ја внимателно листата на 1000-та најбогати луѓе во Велика Британија во моментов, аналитичарите открија дека во неа преовладуваат Близнаците – околу 9,9%. Истакнати претставници на овој знак се сер Пол Макартни, сер Том Џонс и Џејми Оливер, кои се родени во периодот меѓу 21 мај и 21 јуни.
Близнаците поседуваат способност брзо да се приспособуваат на нови ситуации и промени, тие поседуваат увид, остар ум и тактичност. Тоа се квалитетите кои придонесуваат за нивната финансиска стабилност и успешна професионална реализација.

Второ место на листата на оние кои имаат најголеми шанси да се збогатат е Јарец со 9,6%. Нивните позитивни квалитети се напорна работа и упорност која изгледа дека им носи повеќе пари. Јарецот мрази мрзеливост и избегнува претерано работење, и ова е дефинитивно нивниот сериозен плус.

Трети на листата се претставниците на зодијачкиот знак Овен, кои сочинуваат 8,9% од листата на најбогатите луѓе во Велика Британија. Тие се разликуваат од другите од нивната определба и способност да донесуваат брзи одлуки. Додека нивниот ризичен апетит не е секогаш профитабилен, тие се уште можат да направат многу успеси.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e