Метју има 350 килограми, секојдневно порачува пици во болничката соба, зазема 4 кревети и нападнал 4 медицински сестри

Неговата тежина ги преминува сите граници, маж тежок повеќе од 349 килограми блокира уште три кревети што даночните обврзници ги чини околу 250.000 фунти за само шест месеци, тврдат извори. Извори од болницата во Англија тврдат дека Метју Крофорд (33) го чини државниот здравствен фонд една четвртина милиони фунти, пренесува Дејли Меил.

Медицински гледано, тој е способен да биде отпуштен од болницата. Како што наведуваат изворите, Крофорд требало да биде префрлен на друго место каде за него ќе се грижат социјални установи, но тоа преместување било откажано кога се дознала дека Крофорд има тужба поради напад на медицинските сестри.

Се тврди дека 120.000 фунти од неговата болничка сметка се зголемувала откако примил отпусен лист пред три месеци, пренесува Mirror.

За Крофорд се вели дека порачувал пици и достава на храна на одделението каде е сместен, но тој тврди дека тоа не е вистина.
“Овде постои страв дека тука ќе остане до Божиќ”, рекол извор од болницата.

“Последното одделение на кое требаше да биде префрлен го откажа местото бидејќи дознале за неговото минато”.

Имено, претходно оваа година, Крофорд бил осуден поради напад на четири медицински сестри на одделението на болницата. Го обвинуваат дека ги блокира креветите, а даночните обврзници го финансираат неговиот очаен кревет кој ги чини 7.000 фунти неделно.

Вработените во болницата се жалеле бидејќи им било “смачено него” поради тоа што е стабилен од медицински аспект.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e