Меѓу нив се Анџелина Џоли, Мерилин Монро, Никол Кидман… Жените родени во овој хороскопски знак се шармантни и моќни

Жените родени во овој хороскопски знак важат за најшармантни и најмоќни – своите цели ги остваруваат како на шега и ги живеат своите соништа.

Се смета дека припадничките на овој хороскопски знак се многу убави, љубезни и нежни, но исто така и многу забавни, духовити и со авантуристички дух.

Тие шират позитивна енергија и сите ги гледаат на ист начин – како допадливи личности кои можат да бидат многу угледни и фини, особено кога пред некого се претставуваат првпат.

Тоа се жените родени во хороскопскиот знак Близнаци.

Жените Близнаци се исклучително паметни и имаат способност да дискутираат на многу теми – политика, религија, патување…

Тие се љубопитни и провокативни во секој поглед, па дури и кога станува збор за нивните идеи.

Тие се одлични во комуникацијата и имаат нагласена моќ за убедување, па поради тоа се добри адвокатки, новинарки, професорки и во сите работи кои што имаат врска со медиумите, маркетингот и продажбата.

Мислите брзо им течат, а жените родени во овој хороскопски знак се духовити, итри, ги паметат дури и најситните детали, па дури и оние кои наизглед се безначајни.

Жената Близнак сака да води дискусија, да собира идеи и информации.

Нејзиниот владател е Меркур – таа е интелектуалец и нејзините погледи на светот се оригинални и исклучителни.

Астролозите сметаат дека во нив се наоѓаат две личности – една која е амбициозна и друга која е нежна и автентична.

Некои познати жени родени во овој хороскопски знак се: Никол Кидман, Натали Портман, Анџелина Џоли, Мерилин Монро, Кајли Миног.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e