Мастурбирањето е здраво, но на ова мора да се внимава

Без разлика дали ви станал монотон сексуалниот живот, немате сексуален парнер или едноставно „вие си се познавате најдобро“, мастурбирањето се смета за здрав начин на изразување на сексуалните потреби и помага во одржување на здраво либидо.

Користењето сексуални помагала и играчки може да биде многу забавно, но со себе носи и одреден ризик. Сепак, не плашете се, тој ризик не се однесува на здравјето на вашите интимни делови од телото.

Доктор Лија Милхејсер од Програмата за женска сексуална медицина при универзитетот Стенфорд вели дека обожава кога ќе ѝ го постават тоа прашање, бидејќи одговорот е – не, сексуалните помагала и играчки може единствено да го подобрат нашиот интимен одност и да го подобрат искуството.

Да, ако користите некој производ со саати дневно, тоа може да предизвика чувство на отрпнатост, но и тоа е само привремено. Повеќето жени не ги „злоупотѕребуваат“ сексуалните играчки, така што нема причина за загриженост.

Може да заклучиме дека сексуалните помагала и играчки се одлични и кога ги користиме сами и кога го „зачинуваме“ сексуалниот однос со партнерот, како на пример за стимулација на клиторисот или вагината.

„Сексуалните помагала и разните играчки им се корисни на жените кои потешко постигнуваат оргазам или ако се влезени во менопауза“, вели доктор Милхејсер.

„Но, причината зошто младите девојки би можеле да избегнуват користење сексуални помагала и играчки ако немаат потреба од нив е фактот дека со тек на време се навикнуваме на тој вид стимулација. Тоа не значи дека таквата стимулација е штетна, туку сосема спротивно, но навистина може да се навикнеме на одреден вид стимулација ако премногу често ја применуваме.

Тоа, секако, не води до тоа дека жената веќе не би можела да доживее оргазам, ами или во однос со партнерот, но може да се случи да не доживеат толку задоволувачки оргазам како оној што го добиваат од секс-играчката.

Затоа, таа им препорачува на жените, особено на оние во двојка, да се задоволуваат наизмечнично и со и без сексуални помагала, за да имаат баланс во сексуалниот живот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e