Мала книга напишана од Шарлот Бронте продадена за 780.000 евра

На аукција во Париз продадена е минијатурната книга која Шарлот Бронте ја напишала кога била тинејџерка и тоа по вртоглава цена во висина од 780.000 евра.

Музејот на сестрите Бронте успеа да ја добие оваа книга благодарение на кампањата со која обожавателите беа повикани да помогнат познатите дела на сестрите да се „вратат дома“.

На високата цена особено влијаеше и наддавањето на Џуди Денч, која е почесен претседател на здружението Бронте.

Шарлот ја напишала оваа мини-книга во 1830 година, кога имала само 14 години. Содржината досега не е објавувана. Ракописот има околу 4.000 зборови, а пред осум години јакупил колекционер, а музејот ја откупил од него за околу 85.000 британски фунти.

Шарлот Бронте напишала вкупно шест вакви минијатурни книги, а музејот на сестрите Бронте досега успеал да пронајде пет од нив.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e