Крадец се заглавил во оџак, го спасувале полицајци

Дваесет и тригодишен маж од Боливија бил уапсен поради кражба, а неговото  дело не било тешко да се открие, со оглед на тоа што после кражбата и упадот во куќата, се заглавил во оџакот.

а мета на момчето била една куќа во Буенос Аирес, а кога влегол, тој собрал се што му се нашло при рака – скапоцени одела, MP4 плејер и таблет, кои ги ставил во една торба.

Во моментот кога сакал да го земе телевизорот, слушнал како некој доаѓа, го фатило паника, го вратил телевизорот на место, ја оставил торбата и почнал да бега.

Со оглед на тоа што сопствениците влегле дома, единствениот излез му бил преку оџакот, но се покажало дека тоа било лоша одлука.

Во обид да дојде до кровот, крадецот се заглавил на половина од оџакот, а потоа, свесен дека не може ништо да направи, почнал да моли за помош. Тогаш го слушнале комшиите, кои веднаш повикале полиција.

Кога излегле на терен, полицајците морале на неверојатен начин да ја решат новонастанатата ситуација – да се качат на кровот на куќата и да се обидат да го извлечат. Нормално, целиот настан го набљудувале комшиите кои ги пријавиле инцидентот.

После кратка интервенција го извлекле мажот од оџакот, а потоа му ставиле лисици и го привеле во полициската станица. Како што пишуваат медиумите, му се заканува повеќегодишна робија.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e