Колинда исмеана во дел од странските медиуми – ја нарекоа Алкохолинда

Дел од странските медиуми ја измеваат хрватската претседателка, Колинда Грабар Китаровиќ за нејзиното однесување на Мундијалот во Русија.

Германскиот таблоид „Билд“ напиша дека таа е претседателка што сака бакнежи, а  австрискиот весник „Курир“ објави напис со наслов „Алкохолинда: Хрватската претседателка критикувана од страна на медиумите“.

„Курир“ пишува дека многумина се сомневаат во искреноста на емоциите на Грабар Китаровиќ и дека тие не биле во согласност со политичката позиција што је претставува. Весникот наведува и дека српските таблоиди  почнале да ја нарекуваат Алкохолинда поради теоријата дека претседателката испила некоја чашка повеќе поради што, како што се сметаат, разбирливо станува и нејзиното однесување во текот на финалниот натпревар по кој таа го прегрна и бакна секој што ѝ се приближи на пиедесталот. Весникот објави повеќе фотографии на кои се гледа дека таа и францускиот претседател, Емануел Макрон се во еуфорија.

Но, претседателката секако привлече големо внимание на овој спортски настан. Таа во медиумите беше спомнувана повеќе и од Лука Модриќ, кој е прогласен за најдобар играч. Хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ ја украде славата на фудбалерите, беше наведено во други медиуми. Ја нарекоа и 12 играч на Мундијалот. Хрватите пак одговорија дека имаат прекрасна претседателка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e