Кејт и Вилијам го покажаа вториот син

Традиционално, војводата и војвотката од Кембриџ го покажаа синот кој се роди денеска во 11 часот.

Кејт беше примена во болницата Свети Мери рано наутро, а во 11 часот на свет дојде и вториот син. Тој е петти во редот на наследување на престолот. Со измената на законот од 2013, женските наследници нема да бидат прескокнати доколку имаат помлади браќа.

Името на бебето ќе биде соопштено неколку дена подоцна. Вилијам шеговито изјави дека сега ќе има повеќе главоболка со три деца. Бебето тежи 3 килограми и 800 грама, а на породувањето присуствувал и принцот Вилијам.

Извор: 24ТВ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e