Како да заштедите струја при користењето на бојлерот?

Сите ние до сега милион пати сме слушнале дека подобро е бојлерот цело време да работи отколку да се исклучува, бидејќи наводно се штеди струја. Еве дали тоа е точно.

Одговорот е сосем различен. Извесен заменик директор на едно претпријатие за енергетска ефикасност, вели дека дали да го исклучувате бојлерот или постојано да го држите вклучен зависи од динамиката на трошење.

Зависи од тоа на што трошите топла вода и колку често, препорачувам бојлерот сепак да се исклучува кога е скапа струја. Едно четиричлено семејство најдобро е бојлерот да го вклучува ноќе кога е евтина струја и да се исклучува наутро кога тој режим престанува.

И во становите во кои живее еден член препорачувам да се користи евтина струја бидејќи сепак таа е неколку пати поевтина, само што тој еден член најверојатно не треба да го догрева бојлерот, тврдат експертите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e