Како да ви ги средат веѓите во салон без ризик

Веѓите го заокружуваат нашиот изглед на лицето и негата за нив никогаш нема да излезе од тренд. Некои решаваат сами да ги средуваат, а други довербата им ја даваат на козметичарите. Но ако изберете непрофесионална козметичарa, тоа може драматично да ви го смени изгледот или да ви направи голема штета. За да избегнете такви проблеми обрнете внимание на овие работи:

Каква е опремата на вашата козметичарка – за да ги обликува веѓите правилно треба да користи пинцети, четки и други алатки. И за разлика од маникир или педикир овде можноста да се дојде во допир со туѓа крв е многу поголема, поради што мора да се внимава на хигиената. Видете дали таа ги дезинфицира алатките пред да почне со работа. Пинцетата по секој клиент треба да се натопи во посебна течност и да помине низ термичка обработка. Не се срамете да прашате дали тоа го направила.

Внимавајте со боењето на веѓите – за да ги обојат веѓите козметичарите користат посебна боја или к’на. Треба да ја прашате козметичарката која нијанса ќе ја користи. Важно е да се избере вистинска боја, а добра козметичарка за веѓи тоа може едноставно да го одбере или можеби да помеша неколку нијанси за да добие најдобра боја. Сетете се на следното правило – веѓите треба да се малку потемни од вашата боја на косата, а ако сте русокоса, малку посветли.

Внимавајте со микроблејдингот – тоа е постапка која ги пополнува и исцртува веѓите на местата каде ги нема. Но дури иако навистина имате тенки веѓи, треба добро да размислите за оваа техника поради многубројни проблеми. Друг проблем е што не знаете како ќе реагира вашата кожа на пигментот или која боја на крај ќе ја имате, па на крај ако сакате да ја смените ќе треба ласерска постапка.

Изберете вистински облик – сите козметичарки ги прашуваат клиентките за обликот на веѓи кој сакаат да го имаат. Но искусна личност прво ќе ја послуша клиентката и подоцна ќе даде препорака. Професионална козметичарка за веѓи, обликот ќе го одреди според обликот на вашето лице дури и по начинот на кој изгледа вашето лице додека зборувате. Таа ќе обрне внимание на многу детали кои ти воопшти не ги гледаш.
Пред да почне со работа професионална козметичарка ќе побара да се насмевнеш. На пример, ако додека зборуваш лесно ја подигнуваш едната веѓа, тогаш не треба дополнително да се подигнува.

Секако клиентката има право да ја донесе конечната одлука, но добрата козметичарка ќе се обиде да ѝ објасни што може, а што не, да се смени. Ако сфати дека ти си избрала погрешен облик ќе ти помогне да го сфатиш тоа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e