Како да нанесете правилно пудра и коректор

Тајната на секое беспрекорно шминкање е во подлогата, односно нанесувањето на пудра и коректор кои ќе ви помогнат во воедначување на тенот и пркривање на ситните неправилности и недостатоци на кожата. Тоа не ги прави само составен дел од дневната рутина за разубавување, туку и омилени производи меѓу припадничките на понежниот пол.
До сега безброј пати се уверивме дека заедно функционираат одлично и се надополнуваат, но токму таа комбинација го поставува прашањето – што прво да се нанесе, коректор или пудра?
Мислењата се поделени, но стручните шминкери велат дека прво најважен е изборот на коректор и пудра – соодветна текстура, боја и моќ на прекривање.

Кога ќе почнете со шминкање прво нанесете соодветна крема, без разлика дали имате сува или мрсна кожа. Следна е течната пудра, а потоа ако таа не ги скрила недостатоците, нанесете коректор, само на одредени делови каде има потреба од дополнително прекривање.
Уште една дилема е како да се нанесе коректорот – со прсти, сунѓерче или четкичка. Без разлика дали ќе е сунѓер или четка, изберете што ви е полесно за користење, но никако немојте да ги користите само прстите. Со алатката натапкајте го коректорот лесно за да се покријат недостатоците.
Кога бирате боја треба да биде ист како бојата на кожата или една нијанса посветол, а подоцна ќе го изедначите со помош на камена или пудра во прав.
Коректорите во боја се препорачуваат за конкретни проблеми. Така розовиот коректор е за темни и изразени подочници, а за црвенило на кожата и нежно осветлување на тенот се користи жолта боја. Зелениот коректор исто така ублажува црвенило и прикрива дерматитис, додека виолетовиот ги неутрализира жолтите дамки. Но сепак подобро е со нив да не експриментирате оти бараат стручно познавање како се користат.
Што се однесува до промена на коректор зависно од сезона, шмикерите велат дека нема потреба да го менувате. Користете го оној кој ви одговатра најмногу на вашиот тен, само во тек на летото за да не се размачка, фиксирајте го со камена или пудра во прав за да стои подолго.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e