Италијански свештеник злоставувал 11-годишно девојче: “Сатаната ме наведе”

Католички свештеник кој е обвинет дека сексуално злоставувал 11-годишно девојче, за својот чин го обвинил – Сатаната.

Паоло Глаензер, 70-годишен италијански свештеник, бил уапсен минатиот месец под сомнеж дека злоставувал девојче во автомобил во Калензано, во близина на Фиренца. Тој моментално се наоѓа во куќен притвор додека трае истрагата.

И покрај сериозните обвинувања, свештеникот тврди дека не е виновен за она што се случило. Во интервју за италијанскиот весник “Corriere Fiorrentino”, Глаензер изјавил дека Сатаната го намамил на сексуално злоставување, но и сметал дека девојчето е многу постаро отколку што е.

G7XlA-noticia-twitter

Изјавил и дека му е “жал поради тоа што се случило и дека ѓаволот го измамил, па затоа се впуштил во злоставување на 11-годишното дете”.

“Само Бог може да ми суди”
“Погрешив, признавам, но само Бог може да ми суди”, изјавил свештеникот во едно интервју.

Тој ја обвинил Сатаната бидејќи “девојчето му изгледало многу постаро отколку што е” и изјавил дека мислел дека таа има барем 15 години, иако и во тој случај тоа би се сметало за сексуално искористување на детето.

Педофилот кој го признал овој нечовечки и одвратен чин и понатаму е се уште само во куќен притвор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e