Исповед на мајка чие дете е “гејмер”: Од успешен рагби играч до зависник од компјутерски игри

Мајката на 15 годишен зависник од компјутерски игри открива како е да се борите против оваа зависност, која неодамна е прогласена за ментална болест од страна на Светската здравствена организација, а од која нејзиниот син станал сенка од некогашното среќно момче.

Кендал Пармар од Лондон има четири деца, а за Independent раскажа како изгледа да се соочите со оваа зависност на синот. Тој, вели декој секој ден станувал сè повеќе зависен од играње игри.

“Кога и да беше буден, сакаше да игра игри. Не постоеше надворешен свет за него. Игрите станаа сè”, раскажа Пармар.

Таа давала сè од себе да го стопира неговото однесување, а често и ги конфискувала неговите дигитални уреди, криејќи ги во спалната соба. Меѓутоа, детето станувало агресивно доколку не можело да го пронајде својот телефон или компјутер. Потоа, мајка му попуштала.

Она што на Пармар ѝ било најтешко е тоа што нејзиниот син сосема се изолирал од светот, а инаку, укажува дека секогаш бил многу дружељубив.

Повеќе не функционираше

“Стана странец во сопствената куќа. Ние сме невидливи за него. Го изгубивме, иако знаевме дека физички е тука цело време”, истакна Пармар.

После три години чекање за дијагноза, Националната здравствена служба на Велика Британија ја потврди неговата состојба. Како што вели Пармар, врвот го достигнале кога требало да биде хоспитализиран на една недела, бидејќи повеќе не можел да функционира.

Момчето, кое претходно било успешен рагбист и крикет играч, доби терапија за надополнување на витаминот Д поради константното поминување време во затворен простор, пренесува Independent.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e