Инстаграм и порно актерките: Зошто социјалната мрежа им ги брише профилите?

Стотина порно ѕвезди и сексуални работнички останаа без Инстаграм профилите оваа година, а многумина велат дека за нив важат различни правила. Повеќе од 1.300 личности тврдат дека Инстаграм им ги избришал нивните профили поради кршење на правилата на страницата и порај тоа што тие не објавувале голотии ниту сцени од филмовите.

„Тие не дискриминираат бидејќи не им се допаѓа како заработуваме за живот“, рекла Алана Еван, претставничка на Асосцијација на актерите во индустријата за возрасни.

Јавното прокламирање донело до состанок на порно ѕвездите со претставниците на Инстаграм во јуни оваа година, што резултирало со нов систем за жалби за оние чии профили се отстранети. Меѓутоа, разговорите престанаа и било продолжено со отстранување на налозите.

Првата мета, на кампањата за отстранување на профилите на порно актерите и активисти, била активистката за правата на сексуалните работнички и актерка Џинџер Банкс.

„Кога ќе вложите време и труд да изградите профил со преку 300.000 следбеници и некој ви го избриже, се чувствувате поразено“, рекла таа. „Дури и ако се придржувате на правилата, профилот и понатаму ви се брише. И тоа е тоа што ме фрустрита.“

Банкс вели дека отстранувањето на профилите на изведувачите и сексуалните работници од социјалните мрежи е уште еден начин овие групи да се маргинизираат така што им се одзема примарниот, а во некои случаеви и единствениот, маркетиншки канал.

„Луѓето кои не пријавуваат не размислуваат дека тоа влијае на приходите на луѓето или тоа не ни ги интересира. Тие мислат дека ние не треба да ја работиме оваа работи или дека не треба ни да постои воопшто.“

 

Технолошка револуција

 

Технолошката револуција значајно ја смени порнографската индустрија и им овозможи на многу ѕвезди и секусални работнички да работат независно, користејќи веб-камери, прилагодени видео платформи и можност луѓето да се претплатат на нивните канали. Поголемиот број од нив го користат Инстаграм за да се промовираат себе и сопствените брендови.

Продукциските куќи за возрасни често земаат предвид колку изведувачот е популарен на Инстаграм, кога бираат актери за нови филмови. Кога нивните профили ќе им бидат избришани, овие актери и актерки ги губат своите фанови и конекции, што може да има значајно влијание виз нивните приходи.

Она што е најважно, тие тврдат дека на познатите личности им е дозволено да објавуваат многу поексплицитна содржина од онаа на порно ѕвездите или сексуалните работнички, без никакви санкции.
Одговор

 

Портпаролот на Фејсбук, компанијата во лија сопственост е и Инстаграм, за BBC рекол дека правилата се неопходни.

„Заедницата е различна на светско ниво, мора да имаме правила поврзани за голотијата и сексуалната содржина како би осигурале содржина за сите, особено за младите“, истакнал.

„Ќе преземеме акција во врска со содржините кои ни се пријавени, доколку овие правила се прекршени. Им даваме можност на луѓето да достават жалби на одлуките и ќе ја вратиме содржината доколку сме направиле грешка“, додал портпаролот.

Во најновата верзија на Фејсбук правилата, пишува дека корисниците не можат да нудат или да бараат од другите голи фотографии, сексуална содржина или сексуално допишување со емотиконите кои најчесто се користат со сексуална конотација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e