Храна за женска убавина

Женското здравје и нега бараат посебно внимание и посветеност. За да изгледате убаво и да ја зачувате виталноста, неопходно е да практикувате неколку важни правила во секојдневниот начин на исхрана.

Еве го списокот на продукти кои на жените ќе им помогне да останат здрави и убави долги години:

Млечни производи

Сирењето и јогуртот се основа на исхраната на Французинките кои несомнено се планетарно познати по својата вита фигура и природна убавина. Основа на повеќето млечни прозиводи е калциумот – минерал кој е неопходен на организмот, а е пресуден за здрави заби, нокти и коса. Исто така калциумот ги закрепнува коските или во спротивно недостатокот на калциум предизвикува ослабување на мускулите и грбот што е причина за неправилно држење на телото. Доколку не смеете да конзумирате лактоза во исхраната вклучете ги тофу сирењето од соја и оревите – тие исто така се богати со калциум.

Црвена риба

Масните видови риба содржат омега 3 масни киселини кои се неопходни за женското здравје. Тие се одговорни за еластичноста на кожата заштитувајќи ја клеточната мембрана од повреди. На овој начин ја заштитувате кожата од појава на предвремени брчки. Нутриционистите препорачуваат свеж лосос, сом и сардини по два пати неделно.
Продукти богати со витамин Ц

Цитрусните овошја, кивито, брусницата и пиперката се главен избор за женската убавина. Тие се главен извор на витамин Ц кој е одговорен за еластичноста и сјајот на кожата. Овој витамин е одговорен и за имунитетот и нервниот систем што значи дополнително ги засилува заштитните функции на организмот.

Брокула

Експертите утврдиле дека благодарение на високиот процент на витамините од групата Б брокулата има благопријатно дејство на нервниот систем и го спречува размножувањето на штетни бактерии во телото. Редовната употреба на овој зеленчук резултира со подобар метаболизам. За жените препорачливо е употреба на брокулата два пати неделно.

Црна чоколада

Неверојатно, но е факт дека црната чоколада се јавува како незаменлив продукт полезен за женското здравје. Во неговиот состав влегува магнезиумот, манганот, цинк, фосфор и мед – минерали одговорни за зацврстување на коскеното ткиво, а исто така допринесува за хормонален баланс. Впрочем медицинските лица советуваат внес на не повеќе од 25 гр квалитетна црна чоколада во денот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ