Тиктокерот кој објавува видеа под прекарот „dimovzy“ за прв пат пробал ракија. Иако по потекло е од Бугарија, каде за првпат пробал ракија, тој израснал во Америка, каде што овој пијалак не е многу популарен.
Тој им се обрати на своите следбеници на ТикТок од едно бугарско село, каде што набавил шише ракија.
„Не знам што е ова, но бугарската баба ме потсети и ми даде шише ракија. Но, ќе пробам. Претпоставувам дека е некој вид на виски“, рекол тој на почетокот од видеото.
Прво го мириснал шишето, а потоа се закашлал и рекол: „Кој ѓавол? Мислам дека продишев. Повторно се родив“. Додека си точел ракија, рекол дека е исплашен и дека треба психички да се подготви. „Никогаш вака не сум се борел да испијам пијачка на екс“, додаде тој, охрабрувајќи се: „Го можеш тоа“.
Не помина добро
Тиктокерот не ја ни довршил првата чашка, а веќе почнал да ја плука ракијата. Иако на видеото не се гледа, од звуците може да се заклучи дека го повратил она што го испил. „Не можам да дишам. Што по ѓаволите беше ова? Никогаш повеќе. Ако некој го сака ова шише, знаете каде можете да ме најдете“, додаде тој.
@dimovzy I just tried a shot of Rakia for the first time.. To be continued.. #rakia #bulgaria #bulgaria🇧🇬 #whiskey ♬ original sound – dimovzy