(ХИТ ВИДЕО) Беровски „експерти“ со лек против корона вирусот

Беровската сливова ракија е лекот против корона вирусот кој го препорачуваат Дарко и Сулејман, долгогодишните експерти во консумирање сливка.

„Дупла ракија насабајле и едно литро преку ден“ вели едниот од нив и додаваат дека овој лек го препорачуваат на сите возрасни над 18 години без разлика дали се мажи или жени.

Тие го покажаа и „лекот“ и покажа и како се конзумира.

И двајцата велат дека спасот од короната е токму беровското злато, кое освен што ги зближува, ги прави и отпорни на инфекции, вируси и ниски температури. Најважно во овој лек е јачината, бидејќи под 50 степени лекот не делува.
Видеото и препораките во него се сатирични, затоа многу бргу ова видео стана хит на социјалните мрежи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e