Ги убил родителите оти не го пуштиле на роденден, еве колку години ќе мине зад решетки

Убиецот од Чиста Велика, 20-годишниот Тин Шуњерга, во четвртокот во судот во Задар, Хрватска прогласен е за виновен за две тешки убиства на свиреп начин и осуден на единствена казна од 40 години затвор.
Како што пишува „Слободна Далмација“, по три месеци од завршувањето на судењето Судскиот совет треба да одлучи дали ќе му биде изречена казна како на помлад полнолетник или поради свирепоста на убиството ќе се казни како возрасен. Според „Јутарњи лист“ тој ги убил родителите оти не го пуштиле на роденден, а сакале да се лечи од зависност од дрога.
Ако му се изрече казна како на помлад полнолетник кој не навршил 21 година, можно е да добе казна од не повеќе од 10 години затвор за тешко убиство, а по одлежување третина од казната и ако добро се владее да излезе за 3.5 години.
Во спротивно ако му се изрече казна како на возрасен и свесен човек. може да добие и 50 години затвор, што е максимална казна.

Иако таа казна се уште не е изречена во Хрватска, овојпат може да се случи тоа заради свирепоста на убиствата.

Тин Шурњега обвинет е за две тешки убиства од безобзирна одмазда откако пред очите на пријател со куршум во тил најпрво ја убил мајката Силвана (46) додека седела на предното седиште на автомобилот, а потоа отишол дома и на ист начин ладнокрвно го убил тако му Марин (45).

Ако судот пресуди дека станува збор за „обични“ убиства, Шуњерга може за секое да добие по 20 години затвор.

Доживотна казна затвор еднаш беше воведена во Хрватска но со одлука на Уставниот суд набрзо е ставена вон сила.

Иако злосторството е незапамтено, Шуњерга во моментот на убиствата според вештаците бил пресметлив, а психијатрите го окарактеризираа како нарцисоидна личност, со низок праг на толеранција, и склон кон агресија.

Максимална казна ретко се изрекува, со оглед на тоа што само 17 лица се осудени на оваа казна во долгогодишната пракса.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e