Фризерското студио Станче вистински пример за општествено одговорнa компанија

Фризерското студио “Станче”, едно од најпосетуваните фризерски салони во Скопје, е вистински пример за општествено  одговорно претпријатие кое се грижи за ранливите категории на граѓани да се чуствуваат достоинствено како и сите други луѓе.

Сопственикот на студиото, Тоше Кипријанов, заедно со неговиот тим, покрај стандардната секојдневна работа, успеаа да одвојат дел од своето слободно време и оваа недела да ја поминат заедно со децата од домот без родители 11 Октомври, каде се погрижија,  и тие како сите други, да имаат модерни фризури во пресрет на првиот школски ден од новата учебна година.

Гест што дефинитивно треба да се пофали како пример кој многу други компании треба да го следат.

На децата им посакуваме среќна и лесна учебна година исполнета со нови знаења и предизвици.

А за вас велиме: Браво момци! Секоја чест! Продожете така! На Македонија и требаат вакви и слични добри дела!

37607890_2248962435132107_1137111429342560256_nТоше Кипријанов

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e