Специјалци вооружени „до заби“ упаднале на една свингерска забава која што се одржувала во викендичка недалеку од Минск во Белорусија, при што биле уапсени 52 лица.
Како што открива тамошното Министерство за внатрешни работи, рацијата била спроведена откако полицијата добила дојава дека станува збор за илегален бордел. Снимката ги прикажува уапсените учесници во оргијата, а многумина од нив го покриваат своето лице пред да им бидат ставени лисици и да бидат однесени во притвор.
Свингерите биле претежно студенти, а имало лица и од 20 до 45 годишна возраст. Во акцијата биле уапсени 34 мажи и 18 жени.
Со истрагата било утврдено дека журките ги организирале две невработени лица кои што од 2016-та година организирале многу сексуални забави. Посетителите за влез плаќале околу 180 долари, додека за жените влезот бил бесплатен. Во таа цена, покрај сексот, била вклучена и храната и пијалоците, како и користење на сауна и базен.
Проституцијата и јавните куќи се илегални во Белорусија, а за управување со бордел се предвидени и затворски казни.