Фотографија од летување во поранешна Југославија собра 7 илјади лајкови

Луѓето од целиот регион често се многу носталгични за поранешна Југославија, начинот на живот во неа и навиките, храната, изгледот, гардеробата, филмовите, музиката и воопшто трендовите кои ја одбележале оваа ера.

Корисниците на социјалните мрежи се присетиле како изгледало едно летување во поранешна Југославија – и се чини дека било екстремно поразлично од денес.

Дали тоа е подобро или полошо – оставаме на вам да процените.

Имено, на Фејсбук страницата „Nostalgija“, била споделена фотографија од плажа во Хрватска од 80-тите години на минатиот век, на која се гледа колку тогаш луѓето биле безгрижни, опуштени и без комплекси.

Од лежалки ни трага ни глас, многумина немале ниту пешкир, Интернет никаде на повидок, сите се дружат и разговараат меѓу себе и се чини дека владее прилично хармонична атмосфера, без стрес и трка за најдоброто место на плажа или плаќање за воопшто да бидат на списокот.

Фотографијата собрала преку 7 илјади лајкови и бројни коментари во ист тон – сите забележуваат како тогаш сè било поопуштено и дека тогаш плажите не биле уште едно во низата средства за заработувачка. Сите плажи биле достапни за секого, а „уценувањето“ лежалки за уживање во нив било незамисливо.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e