(ФОТО) Колинда попопуларна од Модриќ- во минатото го доела своето бебе пред политичарите, а нејзиниот сопруг ја оставил кариерата поради неа

Претседателката на Хрватска Колинда Грабар Китаровиќ вчеравечер од ВИП ложата на стадионот Лужњики во Москва заедно со својот сопруг го проследи финалето на СП.

Китаровиќ овие денови стана најпознатиот претседател во светот, појавувајќи се на неколку меча на мундијалот, а со тоа и предизвикувајќи голема популарност.

Китаровиќ според светските истражувања овие денови била застапена во медиумите неколку пати повеќе од Лука Модриќ.

Колинда заблеска во целиот свој сјај и вчеравечер во присуство на својот сопруг Јаков, кој свесно ја напуштил кариерата за да може таа да се посвети на дипломатската и политичка кариера.

По магистратурата на ФЕР завршил наутика во Ријека, каде бил и професор.

Бил заедно со неа кога станала министерка на европски интеграции во 2003 година и кога предзвикала голем интерес во јавноста носејќи го на службените состаноци своето бебе, кое редовно го доела, прекинувајќи состаноци. Нејзиниот сопруг ја следел и кога била амбасадорка на Хрватска и САД, како и кога станала помошник на главниот секретар на НАТО.

Колегите и пријателите за Јаков велат дека станува збор за мирен семеен човек кој не сака да се наметнува во друштво, но дека е поврзан со пријателите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e