Факултетска диплома – ДА, 3 години работно искуство – ДА, плата 12.000, до кога вака?

Откако ќе стекнат со факултетска диплома, а сè уште немаат работно искуство малдите на прашањето колкава плата очекуваат, сметаат дека ќе заработуваат околу 20.000 денари.

Додека кафулињата се преполни со млади, податоците на Заводот за статистика за невработеноста кај младите се загрижувачки.

Невработеноста е по најголема кај младите од од 15 до 24 години возраст и изнесува 46,7 отсто. Токму оваа група е најприсутна по кафулињата. Според статистичките податоци, вкупно работоспособно население во земјава е 56,8 отсто.

Стапката на вработеност е 44,3 отсто, додека стапката на невработеност изнесува 21,9 отсто.

-Јас сум студент на Економски факултет во Скопје. По завршување на факултетот се здобивам со титула дипломиран економист со кој ми се отвараат врати кон успешно вработување во тој сектор. Во зависност од работното место варира и личниот дохот за оваа позиција. Таа најчесто се движи од 20 000 денари. Како што веќе споменав во зависност од работното место“ – вели Ангелина.Б. студент.

-Мизерни се платите, навистина не знам што очекуваат работодавачите, само ги искористуваат малдите, сметам дека моето дете е подобро да седи дома отколку да се мача да работи за толкава плата, вели Сања од Радишани.

-Мојот син заврши Машински факултет, работеше во неколку фрми.На последното работно место работеше хонорарно, му се отвори можност да замине кај својот другар во Германија.Во моментов работи во маркет, и чека подобра прилика за да си најде работа од својата струка, вели, Василка.

-Син ми има 20 години студира, јас и мојата жена не може да си дозволиме да му дадеме пари за одмор, така тој самиот ја увиде домашнта состојба , па реши да работи како келнер во еден скопски кафич. Сам ќе си заработи за одмор водено ќе сфати како е да се работи и да се трошат тешко заработените пари, вели Васко од Аеродром.

-Јас завршив Правен факултет имам 6 години работно искуство, но кога ќе одам на интервјуа платата која ми ја нудат е 12.000 денари. По толку годни работа и завршен Правосуден испит заслужувам поглема плата, вели Ирена од Хром.

Младите во земјата кои немаат работа се соочуваат со долги периоди на барање на вработување. Учеството на невработените млади лица на возраст од 15 до 29 години, кои бараат работа повеќе од една година, изнесува 34.2% од вкупниот број на долгорочно невработените лица во 2016, објави ДЗС.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e