Еве за што треба да разговарате со партнерот доколку планирате брак

Тешко е да знаете дали она што го чувствувате кон партнерот е страст или љубов, но откако сте ја тргнале таа дилема веројатно се прашувате кога е вистинскиот момент за венчавка. За тоа зборувала Аманда Мајор, советничка за врски и сексуална терапевтка за Космополитан.

Ќе знаете кога е вистинското време

Можеби звучи клише, но доколку ви се чини дека е вистинскиот момент, најверојатно е.

„Кога се чуваствувате пријатно и кога и двајцата може да си дозволите да бидете ранливи бидејќи знаете дека другата страна нема да го искористи тоа. Кога ќе можете да ги прифатите сите недостатоци и понатаму да го сакате партнерот. Слушајте ги своите чувства. Доколку сте загрижени за нешто, веројатно постои причина за тоа“, рекла Аманда.

Ги решавате проблемите со аргументи

Иако е идеално никогаш да немате проблеми, доколку сте подготвени да се венчате, мора да биде подготвени и на расправии, како и на аргументирано решавање на проблемите.

Во состојба сте да зборувате за сериозни теми

Доколку сте подготвени да се венчате, би требало да имате доволно комуникациски вештини за разговор околу сериозни теми и работи кои би можеле да влијаат на вашата врска. На пример, дали се чувствувате пријатно во друштво на пријателите или семејството на вашиот партнер? Дали некој од вас веќе има брак зад себе, има ли некој од вас деца и како се чувствува другата страна поради тоа? Дали делите исти мислења околу останувањето во контакт со поранешните партнери или не?

Дали имате исти цели и очекувања во животот?

Исто така би требало да бидете во состојба да разговарате за сериозни работи кои ќе влијаат на вашата заедничка иднина. На пример, дали сакате деца и како ќе ги надминете недоразбирањата околу фамилиите. Доколку вашиот партнер има деца, би требало да поразговарате и за прифаќањето на детето кое не е ваше.

Преку кои несогласувања можете да поминете, а преку кои не

Важно е да ги знаете ставовите околу кои не се согласувате и да бидете свесни дали можете да поминете преку нив или не. На пример, тука се политичките ставови и прифаќањето на поширокото семејство на партнерот. Овие проблеми не мора да претставуваат голема препрека доколку се знаете со нив и можете да се носите со истите на вистински начин.

Од друга страна, околу некои теми неопходен е компромис. На пример, како да управувате со парите, сакате ли и двајцата деца и колку бидејќи несогласувањата околу овие теми тешко се совладуваат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e