Еве ја работата од соништата во Македонија!

Една од најатрактивните теми во нашата земја веќе со години е невработеноста кај младите луѓе. Загриженоста за иднината расте, а отежнувањето е се поголемо за да се пронајде сигурна работа, а замислете работата од соништата.

Откако знаеме за себе, постарите и поискусните постојано не советуваат дека треба да ги следиме своите соништа. Сите млади луѓе се борат за својот професиоален развој, но најчесто проблемите се појавуваат поради тоа што поголемиот дел од нив не знаат што сакаат точно.

Поради таа причина сакаме да ве советуваме дека треба да пробувате различни нешта.

Како ќе знаете дали нешто ви се допаѓа, ако никогаш не сте го искусиле? Дури и да ви се допаѓа сегашната форма на вработување, не боли да пробате нешто различно за малку, макар и само за искуството.

Како што кажавме погоре, поради тоа што невработеноста кај младите во Македонија е на едно повисоко ниво, тогаш дефинитивно можеме да бидеме најдобри во една друга работа, а тоа е спиењето. Да, во Македонија работа од соништата е спиењето. Сигурно сега си викате дека спиењето не е работа и од тоа не може да заработиме. Сепка, се лажете. Овој пат навистина може да заработите пари од спиење.

Токму тоа е новата кампања на брендот Дормео, кој до сега имаше објавено конкурс за спијачи, кои ќе сакаат да спијат еден цел работен ден и кои ќе уживаат во паузата за појадок во кревет. Тие ќе бидат платени по 100 евра за работата од соништата. Сите оние што аплицирале, ќе бидат известени дали учествуваат во потесниот круг.

Погледнете како изгледаа спијачите во 2012 година и како се одвиваше овој проект кој беше исто така во организација на брендот Дормео.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e