Експерт: Само шест проценти од Русите се имуни на Kовид-19

Само шест проценти од Русите во моментов имаат имунитет на коронавирусот, изјави Александар Горелов, заменик-директор на Рускиот централен институт за истражување и епидемиологија и член на Руската академија на науките.

Од почетокот на епидемијата, во Русија се заразиле околу 4,2 милиони луѓе, плус 20 до 30 проценти од оние кои немале никакви симптоми, па затоа не им била потребна медицинска помош и не биле тестирани, а досега околу четири милиони граѓани се вакцинирани, рече Горелов за неделното издание на „Росискаја газета“.

Според научникот, тоа значи дека сега осум до девет милиони луѓе се заштитени од коронавирусот, а кај население од 146 милиони жители тоа изнесува 5,7 до шест проценти.

Тој уште еднаш потсети дека ширењето на инфекцијата ќе биде ограничено само кога 60 до 70 проценти од популацијата ќе биде имуна на вирусот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e