Доколку ги забележите овие знаци, знајте дека врската ви е во криза

По почетната „меден месец“ фаза во која цветаат рози и на животот гледате розеви очила, врската може да тргне во два правци.

Првиот е оној во кој и почетната залуденост се обидувате да го усреќите својот партнер и сфаќате дека тој е всушност вистинската личност со која сакате да го поминете животто, а вториот е оној во кој доаѓате до заклучок дека сепак не е така.

Ова се четирите главни показатели дека вашата врска се упатила кон вториот правец, пишува Космополитен. Наместо да бегате од вистината, обидете се да ја поправите ситуацијата пред да биде доцна.

Поминувате се помалку време заедно

Вашите планови почнааа да се разидуваат и не се вклучувате еден со друг. Не сте баш најдобро расположени додека сте во близина на партнерот и подраго ви е да се дружите со пријателките отколку со својот сакан.

Постојано се карате

И вие и вашиот партнер од мува правите слон и постојано иницирате беспотребни расправии наместо еден со друг да си го кажете она што го мислите и отворено да разговарате за сантата мраз која се нашла во вашата врска.

Интимниот живот ви е сведен на нула

Едноставно немате волја, ниту желба за допир со партнерот, а тој исто така не покажува некоја особена заинтересираност. Кога се поздравувате, тоа е најчесто некој збор набрзина или краток бакнеж.

Не раговарате како порано
Престанавте еден со друг да ги делите случувањата кои ви се случиле за време на денот, а и оние поголемите проблеми или одлуки. Повеќе сакате да разговарате со некој друг отколку со партнерот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e