Девојка го тужела поранешното момче поради неговиот преголем пенис

Девојка од Зимбабве го тужела поранешното момче и тврдела дека неговиот „абнормален долг пенис ѝ ја раширил вагината“.
Силиндиле Мангена (29), вели дека нејзината вагина била потесна пред да го запознае нејзиното поранешно 37-годишно момче Могу Курими, за кое тврди дека тоа време било во брак. Таа во него се заљубила и многу брзо после тоа започнале афера.
За локалните медиуми, оваа девојка изјавила дека ѝ ставила крај на врската, во мај, откако неговиот голем пенис ја раширил нејзината вагина.
Таа рекла дека нејзиното момче буквално не можело да ја исполни таа празнина која нејзиното поранешно момче ја направило.
Не е потврдено колку всушност е голем неговиот пенис, но таа сега сака да ја обнови вагината, а операцијата е многу скапа.
Ако на суд докаже дека нејзиното поранешно момче е криво, ќе го натера да ѝ ја плати посакуваната операција.
Иако секојдневно се пишува за ова во локалните медиуми, споменатото момче сè уште не се огласило.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e