Со денови ви се повторува ист сон? Еве што тоа значи

На многумина им се случува еден ист сон да го сонуваат неколку ноќи една по друга, или пак да се повторува неколкупати во месецот и во годината. Причината за тоа има длабоко значење.

Сонувањето ист сон значи дека потсвеста ни испраќа одредена порака, дека е време да се справиме со нешто што подолго време тлее во нас, а се обидуваме да го игнорираме. Соништата често се рефлексија на она што го чувствуваме, а кое нè мачи на јаве.

Психолозите тврдат дека луѓето кои немаат проблеми кои ги мачат, поретко сонуваат отколку оние кои се измачуваат со нешто. Овие соништа се добри за да ни порачаат дека е крајно време да почнеме да ги решаваме проблемите и предизвиците.

Повторувањето на соништата значи и дека и во секојдневието тие мисли и проблеми ќе продолжат да ве измачуваат. Најчесто се резултат на намалена самодоверба и немање верба во постапките.

Нормално е да се преиспитувате што се случува, а сонот некогаш може и да ви помогне да дојдете до решението кое ви е потребно за вашиот проблем.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e