Денеска се чествува Свети Јоаким Крчовски

Книгата „Слово исказаное заради умирание“, отпечатена во 1814 година во Будим, Унгарија има посебно место во македонската историја и култура. Тоа е првата книга објавена на народен македонски јазик, составена од проповеди наменети за воспитување во христијански дух. Станува збор за малечка книшка од 30 страници, а нејзината содржина сочинува две проповеди „Слово исказаное заради умирание“ и „Слово заради свјатое исповедание на сички христиани, на мужи и на жени“.

Овој историски факт е само дел од причините поради кои македонскиот народ силно го слави и чествува Свети Јоаким Крчовски, еден од првите македонски просветители, свештеник и учител, кој кон крајот на 18-тиот и почеток на 19-тиот век го ширел христијанството во кривопаланечкиот регион и е првиот кој пишувал на разбирлив народен јазик. Книгите на Јоаким Крчовски имале голема улога во верското и во моралното просветување.

Во мај минатата година Македонска православна црква – Охридска архиепископија го канонизира за светител-светец при што како датум за негово прославување е избран 23 мај. Ова е прва годишнина на неговото чествување како македонски и православен светител.

Историските податоци укажуваат дека семејното потекло на Свети Јован Крчовски треба да се врзуваат за градот Кичево. Оттаму, неговото семејство се преселило прво во Самоков, отаде во Крива Паланка и потоа во Кратово. Самиот Јоаким се образувал во Цариград, а потоа во првите години делувал како учител во Кратово. Анализата на говорот кој тој ги употребувал во своите дела покажува дека има елементи на западномакедонскиот говор, но потоа и на централно и на североисточните македонски говори.

По првата книга Крчовски објавил уште четири. „Повест ради страшнаго и втораго пришествија Христова“, е отпечатена исто 1814 г. во Будим и од неа може да се види дека тогаш бил учител во едно од манастирските училишта каде наставата се одвивала на македонски народен јазик. Делото „Чудеса пресвјатија Богородици“ е објавено во 1817 г. во Будим. МАНУ оваа книга ја смета за прв превод на Книгата „Слово исказаное заради умирание“, отпечатена во 1814 година во Будим, Унгарија има посебно место во македонската историја и култура. Тоа е првата книга објавена на народен македонски јазик, составена од проповеди наменети за воспитување во христијански дух. Станува збор за малечка книшка од 30 страници, а нејзината содржина сочинува две проповеди „Слово исказаное заради умирание“ и „Слово заради свјатое исповедание на сички христиани, на мужи и на жени“.

Овој историски факт е само дел од причините поради кои македонскиот народ силно го слави и чествува Свети Јоаким Крчовски, еден од првите македонски просветители, свештеник и учител, кој кон крајот на 18-тиот и почеток на 19-тиот век го ширел христијанството во кривопаланечкиот регион и е првиот кој пишувал на разбирлив народен јазик. Книгите на Јоаким Крчовски имале голема улога во верското и во моралното просветување.

Во мај минатата година Македонска православна црква – Охридска архиепископија го канонизира за светител-светец при што како датум за негово прославување е избран 23 мај. Ова е прва годишнина на неговото чествување како македонски и православен светител.

Историските податоци укажуваат дека семејното потекло на Свети Јован Крчовски треба да се врзуваат за градот Кичево. Оттаму, неговото семејство се преселило прво во Самоков, отаде во Крива Паланка и потоа во Кратово. Самиот Јоаким се образувал во Цариград, а потоа во првите години делувал како учител во Кратово. Анализата на говорот кој тој ги употребувал во своите дела покажува дека има елементи на западномакедонскиот говор, но потоа и на централно и на североисточните македонски говори.

По првата книга Крчовски објавил уште четири. „Повест ради страшнаго и втораго пришествија Христова“, е отпечатена исто 1814 г. во Будим и од неа може да се види дека тогаш бил учител во едно од манастирските училишта каде наставата се одвивала на македонски народен јазик. Делото „Чудеса пресвјатија Богородици“ е објавено во 1817 г. во Будим. МАНУ оваа книга ја смета за прв превод на македонски јазик, бидејќи е грчки текст преведен на чист народен македонски јазик, кој и денес се зборува во Македонија. Година дена подоцна го издава делото „Сија книга глаголаемаја митарства“, 1818 г. во кое тој дава податоци за себе дека е монах и дека неговото презиме е Крчовски. Делото „Различна поучителна наставленија“, исто така, е објавено во Будим во 1819 г. и е најголемо по обем – има цели 310 страници и претставува зборник од различни слова со религиозно-поучен карактер. Крчовски користел текстови од Евангелието и Стариот завет за да ги поучи луѓето да го поправат својот карактер и да живеат според христијанскиот морал. Според него, пијанчењето е најголем грев, но и другите пороци: лакомството, суеверието, лажењето, крадењето, итн. Тој е револтиран од социјалната нееднаквост на луѓето и ја велича наобразбата и учителите. Со сето тоа неговите дела одиграле важна улога во верската и моралната просвета бидјеќи зацврстувањето на верата значело и зацврстување на националната свест кај македонскиот марод. Со тоа тие претставуваат и почеток на новата македонска книжевност.македонски јазик, бидејќи е грчки текст преведен на чист народен македонски јазик, кој и денес се зборува во Македонија. Година дена подоцна го издава делото „Сија книга глаголаемаја митарства“, 1818 г. во кое тој дава податоци за себе дека е монах и дека неговото презиме е Крчовски. Делото „Различна поучителна наставленија“, исто така, е објавено во Будим во 1819 г. и е најголемо по обем – има цели 310 страници и претставува зборник од различни слова со религиозно-поучен карактер. Крчовски користел текстови од Евангелието и Стариот завет за да ги поучи луѓето да го поправат својот карактер и да живеат според христијанскиот морал. Според него, пијанчењето е најголем грев, но и другите пороци: лакомството, суеверието, лажењето, крадењето, итн. Тој е револтиран од социјалната нееднаквост на луѓето и ја велича наобразбата и учителите. Со сето тоа неговите дела одиграле важна улога во верската и моралната просвета бидјеќи зацврстувањето на верата значело и зацврстување на националната свест кај македонскиот марод. Со тоа тие претставуваат и почеток на новата македонска книжевност.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e