Милиони луѓе ширум светот се плашат секој петок 13. Поради тоа, се откажуваат патувања, состаноци и други обврски. Но, кога и зошто почнавме да се плашиме од обичен ден?
Фобијата од петок 13-ти, исто така, има официјално име „Трискадекафобија“ или страв од бројот 13, и „параскевидекатриафобија“ или стравот од петок 13-ти.
Во САД, меѓу 17 и 22 милиони луѓе се плашат од петок 13. Секој петок 13. во светот на бизнисот, има загуба од околу 900 милиони долари, според Центарот за контрола на стрес и фобија во Северна Каролина (САД). Имено, многу претприемачи се плашат да летаат на тој ден и да договараат работа и тоа е главната причина за загубите.
Невозможно е една година да нема барем еден петок 13. Просечниот интервал помеѓу два такви петоци е 212 дена. Сепак, можно е да поминат 12 месеци без петок 13. Всушност, најдолгиот таков период траел 14 месеци – од 13 јули 2012 година до 13 септември 2013 година.
Повеќето облакодери во светот немаат 13. кат. Обично се нарекува ’12А’ или гостите едноставно немаат пристап до него. Многу хотели и болници немаат соба со број 13.
Хорор-серијалот Friday the 13th има 12 продолженија. Филмската сага „Петок 13.“ се состои од 12 филмови, при што последниот е римејк на првиот. Можеби самите автори на франшизата се плашеле од 13. продолжение.
Познати личности родени на петок 13 -ти. На „кобниот петок 13., се родија близначките Мери Кејт и Ешли Олсен, Џули Луис Драјфус, Стив Бушеми, Кристофер Пламер, Кет Денингс … На тој ден во август 1899 година, се роди познатиот режисер Алфред Хичкок. Да успееше да наполни 100 години, на петок 13. ќе го прославеше својот 100. роденден.
Некои веруваат дека почетокот на суеверието во бројот 13 започнало во нордискиот мит за 12 -те богови што вечерале во Валхала. Како 13. гостин се појавил Локи кој го организирал убиство на богот на радоста. Дури и денес, некои француски ресторани ја нудат услугата на 14. професионален гостин. Имено, ако сте 13 луѓе и сте суеверни, ресторанот со задоволство ќе ангажира уште еден човек за да ви прави друштво.
Истражување ги потврдува стравовите – Една студија објавена во British Medical Journal покажа дека во петок на 13. имало 52% повеќе сообраќајни несреќи отколку во другите петоци. Шведските научници исто така открија дека тој ден во земјата секогаш се случува натпросечен број инциденти, пишува британски „Телеграф“.