Дамите од Париз секогаш ги почитуваат овие модни правила

Модните правила на парижанките воопшто не се комплицирани, напротив, лесно е да ги следите и применувате.

Нивниот суптилен, но секогаш модерен стил се заснова на четири основни правила:

Не веруваат во високи потпетици

Тие секогаш избираат удобни модели. За нив височината на штиклата не е важна, а никогаш нема да ги видите со чевли на платформа. Тие секогаш им даваат предност на моделите со средно висока штикла.

Не носат тесни фармерки

За да ја нагласат својата женственост, Французинките избираат пошироки модели на ногавици, па дури и популарните „ѕвонарки“. Многу ретко ќе сретнете парижанка со „стреч“ фармерки.

Не претеруваат со бои

Иако веруваат во црната и белата боја, кога комбинираат други бои тоа го прават суптилно и ненападно. Исто така, многу ретко носат дезенирана облека и се држат повеќе до детали и модни додатоци.

Купуваат безвременски парчиња облека

Имаат класични модели на чевли, чанти и мантили и капути. Според нив, попаметно е да се инвестира во безвременски модел, наместо во она што е моментално тренд на модните писти.

Ознаки: ,

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e