Дали знаете каде всушност се наоѓа Тунгузија?

Вообичаен начин да опишеме некое оддалечено, изолирано место е да кажеме дека тоа место е во „Тунгузија“. Сепак, многу луѓе немаат поим каде се наоѓа Тунгузија.

На Инстаграм страницата „Geoinstа“ е споделена мапа на Евенкискиот регион или Евенкија, на многумина познат под името Тунгузија. Се наоѓа во североисточниот дел на Краснојарскиот регион во Русија.

Овој регион, чие име често се споменува во секојдневниот говор на Балканот, е познат по експлозијата што се случила во 1908 година.

Тунгуската експлозија од 1908 година е назив за неразјаснетата експлозија што се случила во Русија, во Сибир, во близина на реката Тунгуска. Настанот се нарекува и Големата сибирска експлозија. Се претпоставува дека паднал астероид и изгорел над тоа подрачје.

Поради експлозијата, биле уништени и изгорени дрвја во радиус од 30 километри, а прозорците и вратите во 65 километри оддалеченото место Ванавара испукале. Се проценува дека настанот зафатил површина од 2.000 квадратни километри и уништил 60 милиони дрвја.

Потоа, во 2019 година во овој регион падна метеорит кој се најде на насловните страници на светските медиуми. Парчето беше пронајдено во реката Подкаменаја Тунгуска во близина на селото Учами во Краснојарскиот регион.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e