Чоко-торта која може да се јаде дури и кога сте на диета

Сонот на секој од нас е да може да ужива во големо парче десерт без грижа на совест.

А што ако ви кажеме дека тоа е можно, па дури и дека можете таков десерт да подготвите за многу кратко време?

Состојки:

1/2 шолја кокосово брашнп
1,5 шолји мелени бадеми
Прстофат сол
4 лажици јаворов сируп
2 лажици кокосово масло
1/2 шолја кокосово млеко
150 гр темно чоколадо

За украс: бадеми, кокос, сушено овошје…

Подготовка:

За кората: Измешајте ги кокосот, бадемите и прстофатот сол. Додадете јаворов сируп и кокосово масло и мешајте додека да добиете тесто. Тестото ставете го во калап и добро изедначете ја висината. Печете 20 минути во претходно загреана рерна на 180 степени.

За фил: Чоколадото искршете го на помали парчиња. Настрана сварете ги кокосовото млеко и јаворовиот сируп. Кога ќе проврие, додадете го чоколадото. Кога ќе добиете мазна смеса, прелијте преку тестото.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ