Бесплатни дезодоранси за патниците со метро во Виена

Градското јавно сообраќајно претпријатие „Wiener Linien“ во Виена почна да дели бесплатни дезодоранси на патниците со метро поточно на линијата У6. Планирано е да бидат поделени 14.000 бесплатни дезодоранси. Со оглед на тоа што линијата У6 во некои делови поминува над земја, вагоните бргу се загреваат.

Моментно само околу 50 отсто од возовите на оваа линија се климатизирани, додека на преостанатите на прозорите има залепено заштитна фолија со помош на која температурата може да се намали  за 4 степени.

Главниот град на Австрија оваа година прослави 40 години од постоењето на подземната железница. Денешниот виенски „У-бан“ има вкупно пет линии, 109 станици, вкупна должина од 83 километри, а лани биле превезени 450 милиони патници.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e