Бебе оживеа среде погреб: Семејството не можеше да верува!

Во Иран дете од шест месеци, кај кого лекарите констатирале смрт, оживеало во текот на погребот.

Случајот е забележан во градот Урмија на западот од Иран. Лекарите во болницата го прегледале шестмесечното бебе, констатирале дека нема знаци на живот, и утврдиле смрт.

Телото го испратиле на гробишта, а за време на погребот е откриено дека детето е живо. Според зборовите на шефот на градската погребална служба Амир Абас Абедини, членовите на семејството на детето биле во шок.

„Тие беа шокирани но му се заблагодарија на Бога за чудото“, рече тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e