Бадемовото масло е вистински благослов за сувата кожа преку зима

Бадемовото масло има широка примена во негата на кожата, ѝ ја враќа еластичноста, а ја штити и од распукување и создавање стрии.

Има два вида бадемово масло: горчливо и благо, во зависност од плодот од кое е добиено. За нега на кожата е подобро благото. Има антивоспалително дејство, а може и да ги намали подочниците. Ја прави кожата еластична и ѝ ја враќа влагата, особено во зима, кога е под силно влијание на сувото и студено време.

Бадемовото масло мачкајте го на кожата веднаш по туширање. Не ја сушете кожата целосно, туку оставете малку влажност. Маслото ќе создаде вистинска лековита емулзија на површината на вашата кожа и лесно ќе се впие.

Во зимските месеци можете да го засилите дејството на дневните креми за лице со тоа што ќе додадете капка бадемово масло пред да ја нанесете.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e