Актерката од „Село гори, а баба се чешла“ пронајдена мртва, вереникот е во кома

Ивана Млаѓовиќ починала, додека нејзиниот вереник Милош К. е во тешка состојба откако двајцата се пронајдени без свест во станот на свој пријател.

Ивана Млаќовиќ (30) од Косовска Митровица, која беше Плејбој зајачица и епизодна актерка во српската телевизиска серија „Село гори, а баба се чешла“, е пронајдена мртва во станот на својот пријател во населбата Илиќево во Крагуевац.

Покрај несреќната девојка, на која титулата Плејбој зајачица своевремено и ја грабна старлетата Сораја Вучелиќ, во бессвесна состојба е пронајден и нејзиниот вереник Милош К.

Што е причината за смртта на убавата актерка и што точно се случувал вечерта пред да биде пронајдена мртва, и како Млаѓовиќ и нејзиниот вереник стигнале во станот каде им се случи ужасната несреќа, треба да открие истрагата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e