Ако сте млади и сакате бесплатно да патувате низ Европа аплицирајте ТУКА

Европската Комисија соопшти дека ова лето 15.000 млади луѓе кои се полнолетни, ќе патуваат во Европската унија за подобро да ја запознаат.

Од буџетот на Европска унија  за таа намена се издвоени 12 милиони евра.

Целта е младите да се запознаат со богатото европско културно наследство, со други луѓе од ЕУ и со тоа што ја обединува Европа.

Предвидено е патувањата да траат до 30 денови и да се посетат  најмногу четири места.

Молби за пријавување има на сајтот europa.eu/youth/EUbg. Учесниците ќе ги одбере жири.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e