Ако направите само три мали измени во вашиот бизнис, успехот е загарантиран

 

Доколку поседувате мало или средно претпријатие доволно е да направите само три мали промени кои ќе ја зголемат продуктивноста на вработените, а секако ќе донесат повеќе успех во компанијата. Секако ова се однесува за мали компании во кои нема потреба од постојано присуство на вработените во канцеларија и до документи клучни за одвивање на работата.

 

Работно место

Благодарение на интернетот, лаптопите, паметните телефони и апликациите кои ја олеснуваат работата на мнногу начини, денес не е нужно работното место да биде врзано со една локација. Може да се работи од дома, од било која држава, во авион… доволо е да имаме квалитетна интернет-врска и уред како што е лаптоп или паметен телефон. Со ворд, ексел и други апликации што ни овозможуваат пристап до документи без разлика каде сме, можеме да работиме со колегите на проекти во било кое време, иако можеби сме илјадници километри далеку. Дигитализацијата на овој начин им овозможува на вработените поголема флексибилност во работењето, поефикасно користење на време и подобра ефикасност.

 

Технологија

Денешниот бизнис е незамислив без интернет. Со брза и сигурна интернет врска, денес речиси и да нема граници во однос на комуникацијата и можноста за соработка. Cloud и работата преку него дозволува работата на целата компанија да се премести во виртуелниот простор и да се пристапи до нејзе во било кое време од кој било агол на планетата и од кој било уред. Софтверот како Office, исто така, дава можност колегите да работат заедно на истиот проект во исто време. Во пракса, ова значи дека и покрај тоа што вие и колегата сте на различни локации во градот, можете заеднички да подготвите документ во ворд, ексел или презентација во PowerPoint, секој на свој компјутер и во својот простор.

 

Coworking

Coworking е работен концепт што подразбира дека тимовите ја имаат на располагање инфраструктурата, овозможувајќи им да работат заедно во кое било време, на кое било место и на кој било уред што им одговара. Ваквата работа со „облак“ овозможува синергија што значително го зголемува квалитетот и ефикасноста на работата. Различни решенија за „облак“ технологија им овозможуваат да работат на исти документи и проекти. Во исто време, сите документи и датотеки се безбедно складирани затоа што има постојана копија на податоците. Покрај обезбедувањето подобри резултати, таквата работа значително ја намалува цената на хартијата, печатачите и др.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e