9 практични совети за како брзо да слабеете без строга диета!

Според Светската здравствена организација, бројот на лица кои страдаат од дебелина се зголемил три пати во последните 40 години. Скоро секој четврти човек на нашата планета со над 16 години има прекумерна тежина. Не е ни чудо што се повеќе и повеќе луѓе се грижат за нивната исхрана. Се разбира, не секој мора да биде на строга диета, понекогаш само неколку трикови се доволни за да ве задржат од прејадување.

Еве како најлесно да останете тенки без било каков вид на диета.

1. Затегнете го каишот

Пред ручек или вечера, ставете каиш или ремен околу половината. Кога чувствувате дека ви е премногу тесно, време е да престанете да јадете. Овој многу едноставен, но ефикасен трик ќе ви помогне да избегнете прејадување.

2. Пијте од високи чаши

Значително количество калории се внесува не само преку храна, туку и преку пијалоци. На пример, една чаша сок содржи 120 калории и 20 грама шеќер. Ова количество може да се намали ако ги користите вистинските чаши. Во просек, во високи, тесни чаши истураме 20-30% помалку течност отколку во мали.

3. Јадете со тајмер

Едноставно: кога брзате додека јадете, се прејадувате , бидејќи нема доволно време за мозокот да го прими сигналот дека веќе сте сити. Затоа, кога ќе седнете да јадете, поставете го тајмерот на 20 минути и обидете се полека да јадете.

4. Топли купки

Топлата вода не само што ќе ве опушти, туку и ќе ви помогне да изгубите тежина, според истражувачите на Универзитетот Лафборо. За време на студијата што ја изведоа, најдоа дека за еден час поминат во топла бања, согорувате околу 130 калории – како одење 20 минути! Покрај тоа, шеќерот е понизок за 10% по бањата. Зарем не се овие одлични вести?

Останатите пет совети од текстот на порталот Фактор дознајте ги ТУКА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e