6 начини да го подобрите либидото: Сите проблеми во креветот наеднаш ќе исчезнат

За мажот веројатно не постои ништо полошо за неговото его и самодоверба од тоа да му се случи „неуспех“ во креветот. Еректилната дисфункција е феномен кој се јавува кај мажите со годините и поради различни здравствени состојби.

Сепак, на неа големо влијание има и стресот, како и начинот на живот.

Како не би потфрлиле во креветот, работете на своите навики и живејте поздраво, а ова се неколку клучни совети кои колку и да ви изгледаат безначајни, треба да се придржувате кон нив …

Внимавајте на вашата тежина
Поради дебелината, мажите може да имаат нарушување на сексуалната функција кое се манифестира како еректилна дисфункција.

Хипогонадизам, исто така, често се јавува, кога машката полова жлезда (тестисот) не е во состојба да произведе физиолошка концентрација на главниот машки полов хормон тестостерон и доволно добри сперматозоиди за оплодување. Затоа, внимавајте на тежината како вишокот килограми не би ви донел вакви проблеми.

Изберете здрави намирници
Квалитетната и разновидна исхрана помага да се контролира телесната тежина, со што се намалува ризикот од дебелина и болести како што е дијабетесот. Дополнително, намирниците како темно чоколадо и бадеми се одлични избори за зајакнување на либидото, па слободно грицкајте ги во текот на денот.

Вежбајте
Редовната физичка активност носи подобра циркулација, што значи подобар проток на крв низ телото, вклучително и ерекцијата. Комбинирајте кардио вежби (одење, трчање, пливање) и тренинг за сила. Само немојте да бидете статични (седење и лежење), бидејќи подобрата подвижност на телото носи подобри резултати во креветот.

Намалете го стресот
Еден од начините на кои вашето тело реагира на стрес е со стегање на крвните садови. Тоа значи дека кога сте под тензија, протокот на крв до пенисот е значително намален. Секаков вид на релаксација и опуштање, како што се прошетките во природа и разговор со луѓе кои ви одговараат ќе ви помогнат да се ослободите од стресот и напнатоста.

Пијте одговорно
Алкохолот во умерени количини донекаде помага во опуштање и создавање на добро расположение. Меѓутоа, неговото прекумерно консумирање ќе ја влоши еректилната функција, краткорочно и долгорочно.

Престанете да пушите
Откажувањето од пушењето е голем плус за сите сегменти од животот, вклучително и сексот.

Научниците од Универзитетот во Хонг Конг следеле повеќе од 700 мажи на возраст меѓу 30 и 50 години кои страдале од импотенција во период од три години.

Ги интересирала точната конекција помеѓу пушењето и квалитетот на сексот. Повеќе од половина од испитаниците (53,8%) изјавиле дека нивните проблеми биле ублажени шест месеци откако се откажале од пушењето.

Заклучокот е јасен – помалку цигари гарантираат подобар секс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e