10 факти кои не сте ги знаеле за Саудиска Арабија

Саудиска Арабија е најголемата држава-кралство на Арапскиот Полуостров. Ја нарекуваат уште „Земја на две џамии“, на Мека и Медина, двете главни свети места на исламската религија. Располага со огромни резерви на нафта. Но, интересно е што Саудиска Арабија е земја на контрасти. Повеќе од познато е дека животот на жените во оваа земја е далеку од лесен и едноставен.

Еве кои се другите неверојати и помалку познати факти за оваа држава:

-Проблемите со водата се секојдневие во Саудиска Арабија. Еден литар вода чини поскапо од литар нафта.

-„Sidewalk skiing“  e  навистина популарно хоби дури и на јавен пат. Како што погодувате, станува збор за возење на автомобил само на двете странични тркала, дозволено само за мажите.

– Во локалните подавници до неодамна продавачи дури и за женска долна облека биле мажи затоа што на жените им било забрането да работат. Но, активистките за женските права со сите сили се заложија за барем делумна промена на таквиот поредок.

-Се претпоставува дека Кралската кула во 2018-та година ќе стане центар на новиот град на брегот на Саудиска Арабија кој ќе го носи името како и на највисоката градба во светот. Таа ќе биде првата зграда која достигнува повеќе од еден километар во височина.

– Тука може со пари да се искупите за гревовите. На пример, за убиство со умисла мажите може да платат 106 000 долари со што ќе бидат ослободени од казната.

– Во 2012-та  година повеќе од 3 милиони муслимани направиле аџилак на Мека. Било констатирано дека ваквите походи предизвикуваат распространување на смртни вируси поради што надлежните решиле дека подобро е аџилак тука да прават само граѓаните на оваа држава, а за другите земји да воведат квоти.

– Во Саудиска Срабија недостигаат касапи со оглед дека многу често државата ја практикува смртната казна, на пример за неверство или доколку верникот се откаже од исламот.

-Во 2001-та година жените од вооружените сили на САД кои биле на служба во Саудиска Арабија и надвор од воените бази биле должни да носат облека која ги покрива од глава до пети.

-Во полицијата постои посебен одел кој ги санкционира т.н. вештерки, магионичари, самопрогласени пророци. Тие може да завршат зад решетки или во уште полош случај обезглавени.

-До 2011-та година Саудиска Арабија беше последна држава каде жените немаа право на глас. Сега ситуацијата е изменета. Пред три години на жените им се дозволи да гласаат дури и на општинските избори.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e