Само со кратење на плата ќе биде казнета невестата која пукаше на свадба?

15 до 20 проценти од платата во рок од шест месеци, е најверојатната казна што ќе ја добие Марија Ристовска-Калешковска, секретарка на началникот на униформираната полиција во СВР Битола, која на својата свадба, набргу по нејзиното вработување, со ловџиска пушка од татко и, како што обвинија од СДСМ, истрелала неколку куршуми во воздух, објави Плусинфо.

– По налог на Јавното обвинителство на Република Македонија започната е дисциплинска постапка која се уште трае. Колешката Ристовска-Калешковска редовно си доаѓа на работа и ги извршува дадените задачи – вели за Плусинфо, портпаролката на битолската полиција Сања Стаматова.

Случајот го обелодени Дарко Каевски, потпретседател на подмладокот на СДСМ.

– Пушката, според информациите што ги имаме е формациско оружје на полицијата и војската и за неа граѓаните не можат да добијат дозвола за поседување и носење. Но, тоа очигледно не важи за нововработената секретарка на началникот на униформираната полиција во СВР Битола. Според информациите што ги имаме, Марија Ристовска Калешковска е тазе вработена, пред извесно време добила и решение за работа во СВР Битола, веднаш по завршувањето на средното економско училиште – обвини Каевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e