Жителите на Австралија ја дочекаа Новата година со спектакуларен огномет на сиднејското пристаниште

Жителите на Австралија ја дочекаа Новата година со традиционален, спектакуларен огномет што се одржува на Сиднејското пристаниште, и покрај смртоносните пожари кои принудија илјадници да бараат засолниште на плажите и каде многу градови да ги откажат прославите.

Повеќе од милион луѓе се собраа на пристаништето во Сиднеј и во околните места за да уживаат во исклучителниот спектакл што ја осветли и познатата зграда на сиднејската опера.

Планираниот огномет доцнеше 15 минути поради силниот ветер.

Нов Зеланд беше меѓу првите каде пристигна 2020, а во Оукленд беше подготвен спектакуларен огномет од Скај тауер.

Властите во Хонг Конг го откажаа популарниот огномет во пристаништето Викторија, поради најавените протести.

Новата година прво пристигна на јужнопацифичкиот остров Самоа и Божиќните Острови во Тихиот Океан.

 

Ознаки:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e