Унгарците и Словаците најчесто одат на лекар во ЕУ

Жителите на Унгарија и Словачка најмногу посетувале лекари во Европската унија во 2017 година – во просек, околу 11 пати годишно, според податоците на Евростат.

Во Кипар и Шведска, луѓето се консултирале со лекари во просек помалку од три пати во 2017 година, и просечниот број консултации генерално се движел помеѓу 4,3 и 10 во повеќето земји-членки на ЕУ.

Статистиката за просечни посети на лекар вклучува консултации во ординација на лекар, во домот на пациентот или во амбулантски оддели на болници или во амбулантски здравствени центри.

Тие бројки исклучуваат консултации/посети за време на третманот во рамките на болничката или дневната нега на пациент во болница или слична установа.

Ознаки:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e